Алкалоид ќе ги рефундира средствата на гледачите од мечот со АЕК

Алкалоид денеска излезе со соопштение за навивачите кои синоќа дојдоа на мечот со АЕК кој не се одигра во СЦ Борис Трајковски откако гостите одлучија да не излезат на теренот.

–Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот.

–Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина, – се вели во соопштението на Алкалоид.