Алкараз: Вербата во себе и напорната работа се тајната на успехот

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз беше на прагот од поразот на Ролан Гарос во дуелот со Алберт Рамос-Вињолас, но на крајот сепак успеа да слави победа со 3:2 во сетови.

„Очекував тежок натпревар. Многу го почитувам мојот противник и затоа сум задоволен од прикажаното ниво на тенис. Успев да се вратам во дуелот и да победам на крајот. Многу тешко беше спасувањето на меч топката на Вињолас. Вербата во себе и напорната работа ми го донесе овој успех. Мојот сон откога почнав со играње тенис е да станам светски играч број 1“, потенцира Алкараз.