Алкараз го откажа учеството од турнирот во Барселона

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз пропушти можност повторно да се искачи на врвот на АТП листата, откако се повлече од турнирот во Барселона, што значи дека Јаник Синер ќе остане лидер барем уште извесен период.
Карлос Алкараз сигурен беше на стартор на турнирот и без поголеми проблеми го елиминираше финскиот тенисер Ото Виртанен, а во осминафиналето требаше да игра против Томаш Махач.
Сепак, до тој меч нема да дојде. Првиот носител во Барселона беше принуден да се повлече поради повреда на зглобот на раката, што ги расипа неговите планови за нов трофеј и враќање на врвот.
Доколку не станува збор за посериозен проблем, следниот настап на Алкараз се очекува на турнирот во Мадрид, кој ќе се игра од 22 април до 3 мај.