Алкараз жртва на голема Интернет-измама
Првиот тенисер во светот, Карлос Алкараз, мораше да се огласи на Инстаграм поради големата лага која е направена на социјалните мрежи.
Шпанецот има армија фанови зад него, а бројот на следбеници на Инстаграм достигла цифра од скоро четири милиони, а добива и нагорна линија за уште повеќе.
Поединци се обиделе да ја искористат популарноста на Алкараз и да организираат состанок и запознавање со шампионот на Вимблдон.
Едноставно сакале да направат пари од неговиот успех, претставувајки се како Карлос Алкараз поради што овој 20 годишен тенисер мораше да реагира со официјално објаснување.
„Дадено ми е до знаење дека има поединци кои лажно се претставувале во мое име и им нуделе на навивачите можност да ме запознаат лично доколку тоа биде платено. Мојот тим и јас не стоиме зад ова, ниту учествувам на вакви состаноци. Моите навивачи се најдобри и тажен сум што поединци се обидуваат да ме искористат преку социјалните мрежи“, напиша Алкараз.