Алкараз славеше на УС Опен и стана најмлад број 1 на светот

Алкараз славеше на УС Опен и стана најмлад број 1

19-годишниот шпански тенисер Карлос Алкараз во своето прво грен слем финале стигна до трофејот, откако во Њујорк на УС Опен го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 во сетови, во дуел кој траеше три часа и 23 минути.

Со оваа победа Шпанецот стана и најмладиот број 1 тенисер во светот. Во оваа битка за врвот на АТП листата, Каспер Руд ја зазеде втората позиција на истата.

За Алкараз ова е шеста титула во кариерата, а за победата на УС Опен како награда освои 2,6 милиони долари.