Алкараз со трофеј им се врати на терените
Вториот светски рекет, Карлос Алкараз е победник на турнирот во Буенос Аирес. Тој синоќа во финалето по 94 минути игра го совлада 12. светски тенисер Британецот Камерон Нори со 6-3, 7-5.
Така тенисерот од Мурсија на својот прв турнир по четиримесечна пауза стигна до пехарот, а покрај 250 поени заработи и чек од 95.305 долари. Ова беше негов прв пехар во сезоната и вкупно седми во кариерата.