Алмирон и Хау најдобри во октомври во Премиер лигата

Алмирон и Хау најдобри во октомври во Премиер лигата

Напаѓачот на Њукасл, Мигел Алмирон и менаџерот, Еди Хау, беа издвоени како најдобри за месец октомври во фудбалската елита на Англија.

„Црно-белите“ се во одлична форма од почетокот на сезоната и се на третото место на табелата со 27 бодови од 14 натпревари. Тие во изминатиот месец забележаа пет победи во шест натпревари.

Крилото Алмирон, кој постигна шест голови, за првпат во кариерата е прогласен за „играч на месецот“. Покрај тоа, парагвајскиот интернационалец ја доби и наградата за „Гол на месецот“.