Алушовски: Не ја гледаме шансата да го добиеме натпреварот преку играта во напад, туку благодарение на одбраната

Еурофарм Пелистер в среда игра еден од најважните натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите – гостува кај данскиот ГOГ Гудме, со почеток од 18:45 часот, во меч кој директно влијае на битката за пласман во осминафиналето. Само освојување бодови му даваат надеж на битолскиот тим дека може да направи „пресврт“ и да остане во игра за следната фаза.
На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваа Стевче Алушовски и Жарко Пешевски.
Стевче Алушовски
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Го анализираме ГОГ Гудме, знаеме кој е вицешампионот на Данска. Загубивме тука во Битола од нив, но тоа не значи дека ќе биде исто и во реваншот. Нивен најголем адут е играта „седум на шест“ и играат добро со двата пивотмени. Треба добро да се подготвиме. За играта „шест на шест“ ќе се подготвиме, но главен проблем ќе биде таа игра „седум на шест“, како и во Битола. Ставаме акцент на тој сегмент, а ќе промениме и некои детали во нападот. Но, не ја гледаме шансата да го добиеме натпреварот преку играта во напад, туку благодарение на одбраната. Секогаш наша основна цел е играта во одбрана. Ако ја сопреме нивната игра „седум на шест“, имаме шанси да се вратиме со позитивен резултат.
Жарко Пешевски
(РК Еурофарм Пелистер)
Секој нов натпревар во Лигата на шампионите е нова приказна. За секој ривал се подготвуваме посебно, секоја екипа е разлилна. Мислам дека ГОГ Гудме е супер-екипа, со млади дански играчи и супер-талент како Митун, кој се очекува да биде еден од најдобрите за кратко време. После секој европски натпревар оваа екипа на ГОГ Гудме расте. Морам да ги пофалам, затоа што покажуваат одлични игри, нè победија тука во Битола, иако имавме одлично отворање. Водевме со +5, па имавме пад и со многу технички грешки и без одговор за нивната игра „седум на шест“ загубивме. Не одиме со „бело знаме“ во Данска, респект за нив, но имаме свои шанси и се надевам дека среќата ќе биде на наша страна.
Во историјата Пелистер и ГОГ Гудме двапати играа на данско тло и двете екипи извојуваа по една победа,