Алфаро си замина, Еквадор ќе добие нов селектор

Густаво Алфаро го напушти селекторското место во репрезентацијата на Еквадор, соопшти тамошната Федерација.
Еквадор испадна од групната фаза на Светското првенство по поразот од Сенегал со 2-1. Според локалните медиуми, Федерацијата изразила желба да го продолжи договорот со тренерот, но тој ја одбил понудата.
„Разговорите меѓу федерацијата и Густаво Алфаро траеја неколку месеци. Донесовме заедничка одлука дека е време да ги разгледаме другите опции и да процениме дали има посоодветна личност за развој на националниот тим“, соопштија од ФЕФ.