Алфред Шредер е наследникот на Тен Хаг во Ајакс

Еден ден откако по 36-ти пат стана холандски шампион, Ајакс го објави името на новиот тренер на тимот, а тоа е  Алфред Шредер. Тој доаѓа на местото на Ерик тен Хаг, кој стана менаџер на Манчестер Јунајтед.

„Ајакс, Бриж и Алфред Шредер се договорија за трансфер на тренерот во клубот. Шредер ќе потпише договор кој започнува по завршувањето на оваа сезона и ќе заврши на 30 јуни 2024 година. Договорот има опција за дополнителна трета година“ се вели на официјалниот сајт на клубот од Амстердам.

Шредер многу добро го познава Ајакс, бидејќи му беше прв асистент на Ерик тен Хаг од јануари 2018 до 2019 година.

Шредер ја започна својата кариера како асистент во Витесе, потоа премина во Твенте, Хофенхајм, асистент во Ајакс, помошник на Роналд Куман во Барселона, а од јануари 2022 година беше тренер на Бриж.