Ал Итихад го изостави Бензема од тимот за ЛШ
Карим Бензема не се најде во составот на Ал Итихад за претстојното гостување кај узбекистанскиот Навбахор од осминафиналето на азиската Лига на шампиони
На овој меч тренерот на екипата Марсело Гаљардо може да смета на пет странци, и според „Ас“ тој се одлучил за Хегази, Канте, Фабињо, Ромарињо и Хамдалах, па така нема место за Французинот.
Бенезема поминува низ фрустрирачки период во саудискиот клуб, а неодамна влезе и во конфликт со тренерот.
Како што е познато, 36-годишниот фудбалер го пропушти тренинг кампот на својот тим во Дубаи и продолжи со тренинзите дури минатата недела, па тренерот смета дека не е уште подготвен.