Ал Итихад го руши светскиот рекорд за Мо Салах
Ал Итихад доцна синоќа испрати нова понуда за трансфер на Мохамед Салах во Ливерпул.
Со вклучени бонуси и под услов англискиот гигант да ја прифати, таа понуда може да стане рекордно висок трансфер. Делегација на клубот од Саудиска Арабија од саботата е во Англија каде се обидува да изврши притисок врз Ливерпул.
Последната понуда за египетскиот напаѓач е фиксна 175 милиони евра, а со бонуси може да се искачи на 251,5 милиони евра. Сепак најскап трансфер е оној во кој Нејмар во 2017 година од Барселона пристигна во ПСЖ.
Парискиот клуб тогаш го донесе за 222 милиони евра.
Салах е под договор со Ливерпул со кој беше англиски и европски шампион до летото 2025. На 309 натпревари за него постигна 188 и асистираше на 81 гол.