Ал-Келаифи е наследникот на Ањели на чело на ЕКА
Првиот човек на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој немаше намера да се приклучи на Суперлигата, е новиот претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА). Катарскиот магнат го замени на позицијата досегашниот претседател и прв човек на Јувентус, Андреа Ањели, кој беше еден од иницијаторите на неуспешниот проект. „На фудбалот му требаат вистински луѓе на лидерските позиции, а Насер е личност која во минатото докажа дека е во состојба да ги штити не само своите, туку и интересите на другите клубови, што е предуслов за позицијата претседател на Здружението на Европски клубови“, рече првиот човек на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин.
