Ал-Келаифи: ПСЖ денес го има најдобриот тренер во светот

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи му изрази поддршка на тренерот на тимот Луис Енрике.

Според мене, сега го имаме најдобриот тренер во светот. Тој гради проект за иднината. Резултатите се важни, но ние остануваме фокусирани на нашиот проект. Има и многу гласини за играчи, но ние сме многу јасни. Имаме една од најмладите екипи во Европа, ако не и најмладата, со просечна возраст од 22,5 години. Во медиумите секогаш има шпекулации. Новинарите само сакаат да ги продадат своите весници. Но, јас верувам во нашиот проект, нашиот систем, нашиот тренер и нашиот план, изјави Ал-Келаифи.

По 13 кола, ПСЖ води во францускиот шампионат со 33 бода. Во Лигата на шампионите парискиот тим по пет кола е на 25. место со четири бода.