Ал Келаифи ќе инвестира акции во Тотенхем

Медиумите во Англија пренесуваат дека првиот човек на „Катар 

Спортс Инвестментс“, Насер Ал Келаифи планира да вложи инвестиции во англиски премиерлигаш.

„CBS Sports“ објави дека Келаифи веќе имал плодни разговори со првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви со цел тој да влезе во клубот од Северен Лондон.

Првичниот план бил Келаифи преку својот инвестициски холдинг да влезе како малцински сопственик, а мнозински сопственик да остане Леви.

Тотенхем речиси една деценија е во врвот на англискиот фудбал, се почесто игра и во Лигата на шампионите, но никако не успева да стигне до трофеј иако во минатото ангажираше ем познати фудбалери, ем врвни тренери како што се Жозе Мурињо и Антонио Конте.