Ал Наср преговара со Серхио Рамос

Екипата на Ал Наср му понудила на фудбалерот, Серхио Рамос,
кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, велат последните
информации од Шпанија.
38-годишниот дефанзивец кој ја напушти Севилја, сега може да
му биде соиграч на Кристијано Роналдо.
Тој и Португалецот долги години ја делеа соблекувалната во Реал
Мадрид. Рамос во последната сезона одигра 37 средби и
постигна три гола.