Ал Наср сака да го замени Пиоли со Спалети

Лучијано Спалети се повлече од селекторската функција во италијанската репрезентација и повторно може да ги разгледува опциите кои ги има за наредната етапа во тренерската кариера.

Италијанските медиуми тврдат дека Спалети добил понуда од Ал Наср и истата подразбира годишна плата од 18 милиони евра, сума до која искусниот стручњак сигурно не може да се надева во Европа.

Клубот од Саудиска Арабија стапил во контакт со агентот на Спалети веднаш по прес-конференцијата на која најави заминување, па сега тој треба да одлучи дали сака да се пресели во Ријад и да соработува со Кристијано Роналдо и другите ѕвезди на Ал Наср.