Ал Хилал и Милан постигнаа договор за трансферот на Тео Ернандез

Според Фабрицио Романо, Тео Ернандез е блиску до преселба во Саудиска Арабија, откако Ал Хилал постигна договор со Милан за негов трансфер. Зделката, вредна околу 30 милиони евра, е одобрена од италијанскиот клуб, но се уште зависи од личната одлука на фудбалерот – која сè уште не е донесена. 

Францускиот лев бек е клучен играч за Росонерите од неговото пристигнување во 2019 година. Со 34 голови и 45 асистенции во 262 настапи, тој се етаблираше како еден од најдобрите офанзивни бекови во Европа. Во сезона полна со предизвици за Милан, тој одигра 50 натпревари и им помогна да стигнат до финалето на италијанскиот куп. 

Неговиот договор со Милан истекува во 2026 година, а клубот е решен што побрзо да ја расчисти ситуацијата со неговата иднина, за да може да го планира тимот за следната сезона. 

Сепак, извори блиски до играчот откриваат дека Ернандез сака да остане во врвниот европски фудбал и ги разгледува опциите од клубови што ќе настапуваат во Лигата на Шампионите.  

Понудата на Ал Хилал е дел од пошироката стратегија на саудиските клубови да привлечат врвни европски имиња, но изгледа дека Ернандез повеќе тежнее кон спортскиот предизвик отколку кон финансиската добивка.