Американецот Муса го замени Милан со Аталанта

Јунус Муса е нов играч на италијанскиот елитен состав Аталанта. Тој доаѓа на позајмица од Милан со опција да му биде откупен договорот за вкупни 30 милиони евра доколку се остварат неколку услови.
„Росонерите“ го задржуваат правото да добијат и 10 проценти од евентуалниот негов нареден трансфер.
Американскиот интернационалец кој одигра 82 меча за миланезите, имаше понуди од Англија но, се определи да остане во Серија A.