Американецот Џастин Че потпиша за Баерн
Баерн Минхен доведе уште едно засилување во своите редови.
Станува збор за младиот американски фудбалер по име Џастин Че кој е роден во 2003 година. Овој фудбалер важи за еден од најголемите таленти во Северна Америка.
Во редовите на Баерн доаѓа од Далас и на почеток ќе игра за вториот тим на Баерн, ако задоволи ќе биде префрлен во првиот тим и неговиот договор Баерн во целост ќе го откупи. Засега ќе го носи дресот како позајмен фудбалер. Игра на позицијата стопер и договорено ако се потпишува договор тоа да биде на три години.
