Американките први обезбедија полуфинале на „Били Џин Кинг куп“
Тенисерките на САД ги добија двата сингл меча против Шпанија во групата Ц и обезбедија пласман во полуфиналето на тенискиот турнир – „Били Џин Кинг куп“.
Слоун Стивенс со 6-4, 6-4 ја совлада Нурија Парисас-Дијаз додека Даниел Колинс ја загарантира втората победа на САД откако за само еден час ја совлада Сара Сорибес Тормо со 6-1, 6-0. Сега Американките ги чека пресметката со селекцијата на Русија која ја победи Франција.
„Мислам дека во сегашниов формат, секој дуел, секој сет е значаен и влијае на пласманот. Јас и Слоун бевме мотивирани, самоуверени и знаевме дека сме подготвени за победа“, изјави Даниел Колинс.