Американска кошаркарка осудена на девет години затвор во Русија

Американската кошаркарка Бритни Грајнер денеска е прогласена за виновна во Русија за шверц на дрога. Таа беше приведена уште во февруари, а денес и беше изречена казната, која изнесува девет години.

Грајнер се изјасни за виновна за внесување на течност за електронски цигари кое содржи масло од хашиш.

Претходно Обвинителот побарал девет и пол години затвор за ѕвездата на ВНБА. Ова следува откако во последните неколку недели се зборуваше за „дил“ со Американците кои бараа нејзина екстрадиција.

Грајнер пристигнала во судот со лисици и придружуван од руски полицајци. Откако ги извадила лисиците, разговарала со својот адвокатски тим, а потоа кренала фотографија од Екатеринбург, клубот за кој игра во Русија за време на паузата во САД.