Американците не губат надеж дека Новак ќе заигра на УС Опен

Новак Ѓоковиќ втора година по ред не може да влезе во САД затоа што не е вакциниран против ковид-19, па поради тоа ги пропушти Мастерсите во Мајами и Индијан Велс, но сите се надеваат дека тој ќе може да настапи на Ју-Ес Опен.

Американците ќе ги променат правилата за влез на невакцинирани лица во САД во мај, па така Ѓоковиќ би можел да добие дозвола за настап на Мастерсот во Синсинати и гренслем-турнирот Ју-Ес Опен.

Тениската асоцијација на САД се надева дека Ѓоковиќ ќе ја добие дозволата и ќе заигра на турнирите.

„Правилата за влез во САД ги одредува Белата куќа. Се надеваме дека Ѓоковиќ ќе добие шанса да игра на турнирите затоа што САД ќе укине дел од правилата или ќе ги намали мерките“, кажа Крис Видмајер од тениската асоцијација.

Ѓоковиќ минатата година ги пропушти Австралијан опен и Ју-Ес Опен зашто не е вакциниран.