Американците сакаат проштален натпревар за Меси во Барселона

Сопственикот на фудбалскиот состав Интер Мајами сака Лионел Меси да одигра проштален натпревар на „Камп Ноу“.

Хорхе Мас изјави дека ќе направи „се што е во негова моќ“ за да му помогне на Аргентинецот да го одигра прошталниот натпревар на стадионот на Барселона. Тој ја отфрли можноста Лео да се пресели на позајмица кај Каталонците.

„Се надевам дека ќе има нешто кога ќе се отвори новиот Камп Ноу. Се надевам дека Меси ќе може да се збогува.Тоа не значи дека ќе игра за Барселона. На крајот на краиштата, Меси го заслужува тоа“, рече Мас.