Американците со најсилен состав ќе дојдат на ЛОИ во Париз
Соединетите Американски Држави по неуспехот на Светското првенство во 2023 година, одлучија да ги ангажираат најголемите НБА ѕвезди за претстојните Олимписки игри во Париз.
Тимот е брутален. Американците не сакаат повеќе да бидат предмет на потсмев и доаѓаат во моќен состав. Играчите кои ќе го носат дресот на Соединетите Американски Држави се: Леброн Џејмс, Стивен Кари, Кевин Дурант, Џоел Ембиид, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Џру Холидеј, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс, Бам Адебајо и Тајрис Халибартон.
Последниот член на репрезентацијата на САД ќе биде познат во наредниот период.