Аморим: Коби Мајно е иднината на Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, посочи дека младиот фудбалер, Коби Мајно, треба да биде трпелив и да ја чека вистинската шанса.

„Коби ќе биде иднината на Манчестер Јунајтед. Тој само треба да почека, сè може да се промени во фудбалот за два дена“ – беа зборовите на Португалецот.

Во меѓувреме се појавија шпекулации дека фудбалерот од средниот сака да замине на позајмица во друг состав за да добие поголема минутажа.