Аморим не размислува да го продаде Мегваер

Иако му остана само уште една година од договорот, Манчестер Ј. не размислува на продажба на дефанзивецот Хари Мегваер. Според „Мејл Спорт“, клубови од Премиер лигата и Серија А изразиле интерес за него, но „црвените ѓаволи“ не размислуваат за понудите.

Договорот на искусниот централен дефанзивец истекува следното лето, а двете страни сè уште не седнале да преговараат за продолжување на соработката, но Мегваер изрази желба да остане.

Неговиот статус се подобри под водство на Рубен Аморим, бидејќи беше на работ да го напушти клубот и речиси се пресели во Вест Хем.