Аморим: Сите фудбалери сакаат да играат за Јунајтед

Сезоната полека се ближи кон крај, а Манчестер Јунајтед ја игра една од најтешките во Премиер лигата. Сепак, за конечна оценка ќе се чека исходот во Лига Европа, каде „црвените ѓаволи“ сè уште се во игра за трофеј.
На Олд Трафорд веќе се планираат крупни промени, а тренерот Рубен Аморим првпат ќе има шанса сам да го скрои тимот за новата сезона. Летниот преоден рок ќе биде исклучително важен за иднината на клубот.
„Многу фудбалери сакаат да играат за овој клуб. Тоа е мојот впечаток. Сепак, ова е Манчестер Јунајтед – сите сакаат да бидат дел од овој клуб“, изјави Рубен Аморим.
Дали навистина е така ќе се види летово, а многу ќе зависи и од тоа дали Јунајтед ќе успее да ја освои Лига Европа и да обезбеди место во Лигата на шампионите – што би го направило клубот уште попривлечен за потенцијалните засилувања.