Амрабат прави трансфер во Барселона?

Мароканскиот фудбалер, Софијан Амрабат, е многу блиску до позајмица во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Клубот од „Камп Ноу“, сака да го доведе Амрабат на позајмица од Фиорентина до крајот на сезоната со право на откуп.

Мароканецот го привлече вниманието на фудбалската јавност после одличните настапи за неговата репрезентација на Мундијалот во Катар, кога Мароко стигна до полуфиналето.

Амрабат во кариерата има играно за Утрехт, Фејнорд, Бриж, Хелас Верона и Фиорентина.