Амрабат сака да игра за Атлетико Мадрид
Фудбалерот на Фиорентина, Софијан Амрабат, има желба да се пресели во Атлетико Мадрид иако за неговите услуги се заинтересирани англиските гиганти, Ливерпул и Тотенхем.
Репрезентативецот на Мароко кој имаше одлични настапи на Мундијалот во Катар, сака да работи под диригентската палка на Диего Сиемоне.
Договорот на Амрабат со „виолетовите“ е до јуни 2024 година. Во него има опција за продолжување за уште една година.