Амрабат ќе биде замената за Бускетс во Барса

Откако стана јасно дека Бускетс сигурно заминува на крајот на сезоната, Барселона ја интензивира потрагата по негов наследник.
Каталонските медиуми пренесуваат дека прва мета е играчот за врска на Фиорентина, Софијан Амрабат. Барселона се обиде да го доведе 26-годишниот Мароканец уште во јануари, но Фиорентина не го пушти, па сега ќе биде примарна трансфер цел на лето.
Амрабат одигра фантастично на Мундијалот и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но тој преферира преселба во Барселона.
Неговиот договор со „виолетовите“ истекува во 2024 година, а Фиорентина за неговата слобода бара најмалку 20 милиони евра.