АМС им додели спортска пензија на судиите Начевски и Николов

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска организираше прием за нашите најдобри ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои беа дел од големото финале на ЛОИ во Токио.
Мојсовски со одбрани зборови им се заблагодари за целиот придонес во спортот и афирмација на нашава земја надвор од границите.
Начевски и Николов кои високо котираат на листата на ЕХФ, покрај посебните признанија што ги примија од АМС, добија и ветување дека ќе влезат и во конкуренција за државна пензија како заслужни спортисти.