Ангелина Топиќ најдобар млад спортист во Европа за 2022 година
Српската атлетичарка Ангелина Топиќ ја освои наградата за најдобар млад спортист „Пјотр Нуровски“, која ја доделува Европскиот олимписки комитет.
Топиќ годинава го освои бронзениот медал во скок во височина на Европското сениорско првенство, а го освои златниот медал на Европското јуниорско првенство. За наградата најдобар млад спортист во Европа за 2022 година конкурираа и Дарија Атманов (гимнастика – Израел), Софија Далиду (веслање – Грција), Андреа Спендолини Сириекс (скокови во вода – Велика Британија) и Филипо Бертони (пливање – Италија).
Најдобриот млад спортист го избираат претставници на сите национални олимписки комитети од Европа. Наградата за најдобар млад спортист во Европа, „Пјотр Нуровски“ се доделува од 2010 година, кога беше востановена и именувана по трагично загинатиот претседател на Олимпискиот комитет на Полска, кој го загуби животот во авионска несреќа.