Ангеловски во потесен избор за тренер на Хајдук
Поранешниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски е во потесниот круг кандидати за нов тренер на хрватскиот прволигаш Хајдук, јавија денеска локалните медиуми.
Ангеловски, според весникот „Слободна Далмација“ со својата возраст и ентузијазам се вклопува во плановите на раководството на сплитскиот клуб за нов шеф на стручниот штаб, кој треба да го наследи Јенс Густафсон, кому денеска му беше врачен отказ.
Ангеловски е без ангажман од завршувањето на Европското првенство, на кое за првпат во историјата ја одведе македонската репрезентација.