Ангеловски ги повика Агим Ибраими и Стефан Ашковски за стартот на квалификациите за СП
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, вчера ги повика Агим Ибраими и Стефан Ашковски во составот на нашата репрезентација, за престојните квалификациските натпревари за СП 2022 против Романија (25.03), Лихтенштајн (28.03) и Германија (31.03).
Ибраими го носи дресот на албански Кукс и е најдобар стрелец во тамошната лига, додека левиот офанзивен бек Ашковски, кој досега има три настапи за националниот тим настапува за романски Ботошани.
Овие двајца ќе ги пополнат местата на Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов кои се позитивни на ковид-19, а отпадна Иван Тричковски кој е повреден.