Ангеловски: Големо благодарам за момците и за Пандев за ова незаборавно искуство

Селекторот Игор Ангеловски денес ја одржа прес-конфереција пред утрешниот последен натпревар во групната фаза против Селекцијата на Холандија.

„Горан не тренираше затоа што оној натпревар со Украина тој го играше со две блокади, сепак утре тој ќе игра. Ние мораме да ги повториме добрите моменти против Украина за да се бориме против една силна репрезентација да дојдеме до позитивен резултат. Холандија е селекција која важи за фаворит на сите големи натпреварувања, но токму против такви репрезентации треба да се покаже квалитетот.“

„Договорот мој со фудбалската федерација завршува и сакам да кажам големо благодарам до најдобриот фудбалер кој го имала Македонија, Горан Пандев и до сите момци. Сите знаеме каде бевме и до каде стигнавме, резултатите доволно зборуваат. Натпреварот ќе го одработиме максимално професионално, за повеќе не би сакал да зборувам“.

Натпреварот се игра со почеток во 18:00 часот.