Ангеловски: Кога вашите фанови ќе ви аплаудираат…

Селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата по натпреварот даде свое видување за играта на нашата репрезентација против Украина и исткана дека сме одиграле две различни поливремиња, но дека вториот дел бил оној вистинскиот, како треба да игра Македонија.

„Наша цел беше да влеземе попретпазливо во првиот дел. Имавме шанси и во првиот дел, посебно тој минимален офсајд на Пандев, кога постигна гол. Тие постигнаа гол кој за неколку сантиметри не беше офсајд, а поништениот гол на Горан за неколку сантиметри не беше признат. Веќе во вториот дел покажавме зошто сме на Европско првенство, а кога навивачите ќе ве испратат со громогласен аплауз, тоа ви буди големо задоволство. Жалам што не остваривме позитивен резултат. Треба да продолжиме како денес во вториот дел и така треба да се претставиме во Холандија. Нема поголем мотив да играте на Европско првенство и тоа против една Холандија и се надевам на првите бодови на шампионатот“, истакна Ангеловски.