Ангеловски промовиран како нов тренер на хрватска Горица

Поранешниот селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски е нов тренер на хрватскиот прволигаш Горица. Тој денеска го потпиша договорот со хрватскиот прволигаш со важност до 2024 година.

„Морам да му се заблагодарам на претседателот Чрнек за одлуката да ја преземам Горица, се договоривме многу брзо и среќен сум поради моето доаѓање. Ги следам сите натпревари во хрватската лига уште од времето кога бев селектор на Македонија, бидејќи многу играчи играа во хрватските клубови и затоа можам да кажам дека многу добро ги познавам состојбите во ХНЛ. Нема да давам изјави, мојот начин на работа е да одам полека. Во моментов најважно ни е гостувањето во сабота, мора добро да се подготвиме и да одиме на тој натпревар за да оствариме позитивен резултат“, изјавил Ангеловски по промоцијата.