Ангеловски со Таџикистан загуби од Палестина

Фудбалската репрезентација на Палестина славеше убедливо со 4-2 против Таџикистан во пријателскиот натпревар одигран денеска. Таџикистанците предводени од поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски имаа одличен старт, но не успеаја да ја задржат предноста.
Таџикистан поведе во 12. минута преку Шеридин Бобоев, но Палестина брзо одговори. Асад Ал-Хамлави во 23. минута израмни на 1-1, а само една минута подоцна Нозим Бабаджанов повторно му донесе предност на Таџикистан.
Сепак, во финишот на првото полувреме Палестинците повторно стигнаа до израмнување. Ал-Хамлави во третата минута од судиското продолжение го постигна својот втор гол за 2-2.
Целосен пресврт Палестина направи веднаш по паузата. Аладин Хасан во 46. минута погоди за 3-2, додека Одаи Дабаг во 74. минута го постави конечниот резултат од 4-2.