Ангеловски: Ја следам хрватска лига и среќен сум што сум тука
Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски една година по заминувањето од кормилото на репрезентацијата се враќа во фудбалот како тренер на хрватскиот тим Горица.
Ангеловски по претставувањето во Горица ја даде и првата изјава за медиумите.
„Ја следам хрватската лига од кога бев селектор на Македонија затоа што многу играчи играа тука. Задоволство е да се биде тренер во ова првенство, лигата е се повеќе квалитетна и мотивација за секој тренер“.
„Нема да се расфрлам со изјави, мојот начин на работа е да одиме полека. Во овој момент најважен ни е следниот натпревар. Наважно е да бидеме добри како тим, тоа треба да ни биде на прво место. Горица поседува квалитет и мислам дека тој може да донесе подобри резултати. Токму и поради тоа се одлучив да дојдам тука“, изјави Ангеловски.