Англиската Премиер лига ќе паузира за божиќниот период?

Клубовите кои се натпреваруваат во англиската Премиер лига, денес ќе одржат вонреден состанок на кој ќе се разговара за евентуален прекин на натпреварите за време на божиќниот период поради зголемениот број на позитивни случаи од Ковид-19 во екипите.

 Во последното првенствено коло од вкупно десет предвидени натпревари, шест беа одложени поради зголемената бројка на новозаразени од коронавирусот.

Според информациите од Англија, клубовите ќе побараат да се одложат натпреварите закажани за 28, 29 и 30 декември.