Англискиот судија Дин призна дека го оштети Челзи
Англискиот фудбалски судија Мајк Дин призна дека направи грешка на натпреварот од второто коло на Премиер лигата помеѓу Челзи и Тотенхем.
Дерби натпреварот го водеше Ентони Тејлор, а Дин беше судија во ВАР собата. Натпреварот заврши без победник 2:2.
Мајк Дин во изјава за англиските медиуми призна дека направил превид во ситуацијата која му предводеше на израмнувачкиот гол на Тотенхем. Имено во една ситуација пред голот на Челзи, Кристијан Ромеро го повлече за коса противничкиот играч Марк Кукуреља и го падна на тревата.
„После дополнително прегледување на снимката и консултација со останатите судии јасно е дека погрешив во спорниот момент, и дека требаше да го повикам главниот судија Тејлор сам да ја погледне ситуацијата“, изјави Дин.