Англиските гиганти го сакаат Тонали за следната сезона

Манчестер Јунајтед ќе влезе во трката за потписот на фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали, наведува денеска – „Телеграф“.

Во текстот се потенцира дека „црвените ѓаволи“ сакаат да го ангажираат Италијанецот како замена за Бразилецот, Касемиро кој ќе го напушти стадионот – „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната.

Претходно се појави веста дека за Тонали се заинтересирани и составите на Арсенал и на Манчестер Сити.