Англиските судии имаат просечна годишна плата од 175.000 евра

Медиумите во Англија ги открија платите на судиите од Премиер лигата. Иако последниве години беа едни од најкритикуваните во Европа поради нивните еклатантни грешки, се чини дека нивниот настап не влијае на нивната годишна плата.
Импресивно е што тие се едни од најплатените професионалци и добиваат многукратно повеќе од некои од најодговорните професии на Островот.
Според студијата, просечната плата на судиите кои водат натпревари од Премиер лигата е 175.000 фунти годишна плата. Тоа е речиси двојно повеќе од платата што ја добиваат, на пример, пилотите кои го заземаат второто место во рангирањето.