Англиските фудбалерки му дадоа 20 гола на Латвија

Женската фудбалска репрезентација на Англија оствари ретко висока победа на еден фудбалски натпревар. Англичанките ја совладаа репрезентацијата на Латвија со 20:0 во натпревар од квалификациите за учество на Светското фудбалско првенство во женска конкуренција.
Репрезентацијата на Англија на полувремето од натпреварот водеше со 8:0, а до крајот на мечот постигна уште 12 погодоци. Според статистиката, тие упатиле вкупно 120 удари кон голот на противникот, додека репрезентативките на Латвија не успеале да упатат ниту еден.
Англичанките имаат 6 победи од 6 натпревари во својата група, и гола разлика 53:0.