Англиски гигант го потпиша Џереми Фримпонг

Според Фабрицио Романо, Ливерпул го договорил потписот на Џереми Фримпонг како замена за Трент Александер-Арнолд. Баер Леверкузен е информиран за активирањето на ослободителната клаузула од 35 милиони евра. 

Фримпонг ќе потпише петгодишен договор со Црвените, откако ќе ги заврши медицинските прегледи. Личните услови се 100% договорени. 

Новиот десен бек на Ливерпул ќе го пополни местото на Трент Александер-Арнолд. Со оглед на неговата напаѓачка природа, холандскиот дефанзивец беше јасната опција за Црвените и Арне Слот. 

Фримпонг добро ќе се вклопи, бидејќи во тимот веќе има тројца негови сонародници: Вирџил ван Дајк, Коди Гакпо и Рајан Гравенберх. 

Холанѓанецот би можел да биде првото од неколкуте нови засилувања ова лето на Енфилд. Сепак, брзината со која беше реализиран овој трансфер е јасен сигнал, Ливерпул ќе се бори да остане шампион.