Англиски судија суспендиран заради навреди на Клоп на Интернет
На социјалните мрежи се појави видео на кое англискиот судија Дејвид Кут вулгарно зборува за Ливерпул и неодамнешниот тренер на „црвените“, Јирген Клоп.
На спорното видео 42-годишниот судија одговара на прашање на пријател какво мислење има за клубот од Енфилд: „Ливерпул е ср..е“, од приложеното би се рекло дека Кут не ги избирал зборовите.
Следуваше прашање за германскиот стручњак…
„Апсолутна пи..а“.
Набрзо објасни од каде е негативното мислење за Клоп.
„Ми се нафрли кога го судев нивниот натпревар против Барнли, ме обвини дека лажам, а потоа ми се нафрли. Не ме интересира да разговарам со некој што е толку еб.но арогантен. Јас лично се обидов да не разговарам со него“, додаде тој, а потоа го пофали тогашниот капитен на Ливерпул, Џејмс Милнер:
„Милнер е коректен“, рече Кут, а потоа покажа слика со него додека ја извршуваше улогата на четврти судија.