Англичанецот Баркли потпиша за Ница

Доскорешниот фудбалер на Челзи, Рос Баркли, сега ќе настапува во шампионатот на Франција откако успеа да договори трансфер во Ница.

Тоа е состав кој во текот на летово успеа да обезбеди неколку атрактивни имиња пред се голманот Шмајхел, потоа Пепе од Арсенал, Ремзи а на клупата го има и искусниот, Лусиен Фавр. Баркли прв пат ќе настапува надвор од Англија.

Тој во Премиер-лигата ги бранеше боите на Евертон, Челзи и Астона Вила. Во еден период го носеше дресот и на Шефилд Венздеј.