Англија единствен организатор на ЕП во фудбал?
Европската фудбалска унија (УЕФА) сериозно ја разгледува можноста, ЕУРО 2021, да биде организирано во една држава. Пандемијата на коронавирусот е сериозна закана за плановите на УЕФА, дека Европското првенство да биде организирано во 12 градови низ континентот.
Челниците на УЕФА биле блиску до одлуката, организацијата на ЕУРО 2020 да и биде доделена на Англија. Конечната одлука, УЕФА, треба да ја донесе во април.
Европското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули.
Пласман на ЕП избори и репрезентацијата на Македонија. Македонските фудбалери, според првично објавениот распоред првите два натпревари треба да ги одиграат во Букурешт, против Австрија на 13.јуни и Украина, четири дена подоцна, а третиот натпревар во Амстердам, против Холандија, на 21 јуни.