Англија им се реваншира на Хрватите за поразот пред осум години

Англија со победа го отвори настапот на Светското првенство, откако во дербито на групата Л ја совлада Хрватска со 4-2.

Избраниците на Томас Тухел поведоа преку Хари Кејн, кој реализираше од пенал во 12. минута. Кејн не го искористи првиот удар, Ливаковиќ му го фати шутот, ама пеналот беше успешно повторен. Хрватите возвратија со ефектен гол на Мартин Батурина откосо за 1-1.

Возбудувањата продолжија до паузата, прво Кејн повторно донесе предност за „Гордиот Албион“ пред паузата. Сепак, Петар Муса во судиското продолжение од првото полувреме израмни на 2-2.

Во вториот дел Англија веднаш и брзо стигна до ново водство преку Џуд Белингем во 47. минута. Хрватска се бранеше благодарение на неколкуте одлични интервенции на Доминик Ливаковиќ, но во самиот финиш Маркус Рашфорд ја потврди победата и ги постави конечните 4-2.

Во следното коло Англија ќе игра против Гана, додека Хрватска ќе бара поправен против Панама.